ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО НОВИОТ СВЕТ НА ДЕТСКА ЗАБАВА, МИСТЕРИЈА И АВАНТУРА!


Место каде што децата ги преземаат главните улоги во нашите тематски соби. Таму ги очекуваат различни предизвици како загатки, тајни шифри, кодови, траги, сложувалки, физички активности, математички задачи и, секако, многу забава..
Во понудата имаме игри во тематски соби. Можат да играат само деца или целото семејство.
Тематски соби (во зависност од локацијата):
1. Лабораторија
2. Тајни агенти
3. Школа за магија
KiDS Escape Room е нов забавно-едукативен концепт кој работи на 14 локации во 4 држави.
Организираме едукативни, поучни, интерактивни, креативни и целосно иновативни прослави на родендени за деца од училишна возраст, како и ЈУНИОР прослави за деца од постара предучилишна возраст.
Во нашите тематски соби организираме прослави на родендени до 20 деца (+славеник/славеничка).
Освен тематските соби, имаме и забава соба каде што децата, по завршената авантура, можат да се забавуваат со танц, музика, разни игри и да се почестат со грицки, сокови, пица и торта.

